Младите и Сексуалното и репродуктивното здравје

Бројот на малолетнички бремености е 3 пати поголем во Македонија, за разлика од земјите во Европска унија.

Тема: СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ

благосостојба, не само отсуство на болест. Сексуалното и репродуктивното здравје е важно за младите поради биолошки, когнитивни, емоционални и социјални промени во адолесценцијата. Сексуалното здравје подразбира позитивен пристап, безбедно сексуално однесување без присила и дискриминација, додека репродуктивното здравје вклучува право на одлука за раѓање деца и задоволувачки сексуален живот.

На оваа родителска средба, Нада Тофоска дискутира за тоа колкав процент од младите користат, односно не користат контрацепција, за малолетничката бременост, за порастот на сексуално преносливите инфекции и многу повеќе.

Темата „СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ” е дел од материјалот кој се изучува во рамките на ССО. Во склоп на ова поглавје младите имаат можност да се запознаат со сексуално преносливите инфекции (СПИ), контрацепцијата и контрацептивните методи, тинеџерската бременост.

За Нада Тофоска

Нада Тофоска е социјален работник на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и членка на ХЕРА.

7 родителски средби на 7 теми

Слушни ги сите експерти, психолози, социјални работници и родители како разговараат на важните теми кои се дел од програмата на Сеопфaтното сексуално образование.