Само 21% од средношколците во прва година учеле како да се употребува кондом на училиште. Ниту едно контрацептивно средство не е покриено преку Фондот за здравствена заштита.
Човековите права и слободи се универзални и припаѓаат на секој, без оглед на раса, пол, род, вероисповед, мислење, национално потекло, попреченост, имотна состојба, сексуална ориентација или други услови. Сексуалните и репродуктивните права се дел од човековите права, признати и загарантирани со меѓународни договори, вклучувајќи ги правото на живот, слобода, приватност, автономија и достоинство. Овие права ги вклучуваат правото на избор за репродукција, заштита од дискриминација, слобода на размислување и информирање, здравствена заштита и образование. За заштита на овие права, постојат национални и меѓународни судови и институции.
На оваа родителска средба, Андријана Папиќ Манчева дискутира за основните човекови права, за тоа кои се сексуалните и репродуктивни права, за нивното почитување и многу повеќе.
Темата „ГРАЃАНСКИ АСПЕКТИ НА СЕКСУАЛНОСТА И РЕПРОДУКЦИЈАТА” е дел од материјалот кој се изучува во рамките на ССО. Во склоп на ова поглавје младите имаат можност да се запознаат и со сексуалните и репродуктивни права, прекршување на сексуалните и на репродуктивните права и системот на институционална заштита, институционалните механизми за остварување на граѓанските права во делот на сексуалноста и сексуалното образование.
Андријана Папиќ Манчева е дипломирана преведувачка, адвокатка за сексуално и репродуктивно здравје во Х.Е.Р.А. и мајка на две деца.
Слушни ги сите експерти, психолози, социјални работници и родители како разговараат на важните теми кои се дел од програмата на Сеопфaтното сексуално образование.