Младите и Врсничкото насилство

Со префрлањето на врсничката комуникација на дигиталните платформи и социјалните мрежи, многу потешко за родителите и наставниците е да ги забележат формите на насилство што потенцијално се случуваат врз младите. Врсничките едукатори се мошне битен мост меѓу младите и родителите и наставниците, бидејќи тие можат да ја фрлат неопходната светлина врз насилството кое не може да го видиме во училишните ходници, а се случува.

Тема: НАСИЛСТВО

Светската здравствена организација го дефинира насилството како намерна употреба на физичка сила или моќ, реална или заканувачка, насочена кон себе, друго лице или група, која може да предизвика повреда, смрт, психичка штета или лишеност. Клучните елементи на насилството ја вклучуваат намерата на насилникот да нанесе штета, формата на насилството која може да биде физичка, психичка или лишување (на пр. храна, образование), и насоченоста кон себеси, друго лице или група. Сексуалното насилство може да биде физичко и психичко, со непосредни или одложени последици.

На оваа родителска средба, врсничките едукаторки Теодора и Наталија дискутираат за искуствата што ги имаат од едукациите за ССО, работата со млади, адресирањето на проблемите со сексуално вознемирување меѓу младите и многу повеќе.

Темата „НАСИЛСТВО” е дел од материјалот кој се изучува во рамките на ССО. Во склоп на ова поглавје младите имаат можност да се запознаат со тоа што е насилство, кои типови на насилство постојат (физичко, психичко, сексуалчно, лишување, што е сексуално вознемирување и кои се видовите на сексуално вознемирување типично за школскиот контекст. 

За Теодора и Наталија

Теодора Милеска моментално студира меѓународни и интеркултурни студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Слободното време го балансира помеѓу активизам за СРЗП и читање на феминистичка литература.

Наталија Крстевска е млада, амбициозна активистка во областите на правата на жените, домашно насилство, сеопфатно сексуално образование (ССО) која во исто време студира специјална едукација и рехабилитација

7 родителски средби на 7 теми

Слушни ги сите експерти, психолози, социјални работници и родители како разговараат на важните теми кои се дел од програмата на Сеопфaтното сексуално образование.