Младите и Родовите стереотипи

Над 60% од девојчињата на 15 години чувствуваат некаков психосоматски симптом. 

Тема: РОД

Родовиот идентитет е личен и различен за секоја индивидуа, не секогаш видлив однадвор. Тој може да се совпаѓа со полот, да биде спротивен, флуиден или неодреден. 

На оваа родителска средба, психологот Маја Цветановска дискутира за родовите стереотипи, родовите улоги, како и влијанието што го имаат притисоците врз родовите улоги. 

Темата „РОД” е дел од материјалот кој се изучува во рамките на ССО. Во склоп на ова поглавје младите имаат можност да се запознаат и со термините и зачењето на пол, род, родов индентитет, родови идеали, сексуална ориентација. 

За Маја Цветановска

Маја Цветаноска по професија е психолог, со работен фокус на инклузија и квалитет во образованието, промоција на правата на децата и креирање можности за професионален развој на наставниците преку заедници за размена на добри практики.

7 родителски средби на 7 теми

Слушни ги сите експерти, психолози, социјални работници и родители како разговараат на важните теми кои се дел од програмата на Сеопфaтното сексуално образование.