AMAZE х HERA
Соработката помеѓу ХЕРА и AMAZE вклучува обработка и адаптација на видеа со македонска транскрипција на теми кои се опфатени во компонентите на Сеопфатното сексуално образование. Всушност, AMAZE ги креира овие видеа, искористувајќи ја моќта на дигиталните медиуми за да им обезбеди на младите адолесценти ширум светот медицински прецизно, соодветно на возраста, афирмативно и искрено сексуално образование до кое може да пристапат директно онлајн – без разлика каде живеат или кое училиште го посетуваат. Истовремено, овие видеа им помагаат на родителите, наставниците, медицинските лица, и сите оние кои се во секојдневна комуникација со младите луѓе, да комуницираат со нив ефективно и искрено за сексуалното и репродуктивно здравје и права.
Оваа соработка која користи иновативни анимации и едукативни содржини служи да ја зголеми свеста и да поттикне отворени дискусии. Пристапот до точни информации е клучен за развојот на здрави ставови и вредности кај младите. Затоа, се стремиме да создадеме поддржувачка средина и едноставен пристап до ресурси со кои ќе им помогнеме на семејствата да разговараат на темите поврзани со Сеопфатното сексуалното образование, со што придонесуваме младите да живеат во опкружување во кое им се достапни информациите за нивното здравје и благосостојба.
Playlist
0:16