Младите и Врските

Околу 80% од младите на 15 години се вљубени, а 35% од нив кога се вљубени посегнуваат по ризично однесување.

Тема: ВРСКИ

Пубертетот и адолесценцијата се периоди на значајни промени, зголемени когнитивни способности и нова смисла за идентитетот, кои носат и зголемени очекувања од околината. 

Врските со родителите и врсниците се менуваат, при што младите лица се обидуваат да воспостават независност од семејството и поголема блискост со врсниците. Иако адолесцентите настојуваат да создадат автономија, родителите остануваат важни за нивниот социјален развој и развојот на комуникациските вештини. Социјалните врски со врсниците, кои може да бидат платонски или романтични, влијаат на развојот на интерперсоналните вештини, менталното здравје, самодовербата и социјалната поддршка.

На оваа родителска средба, психологот Ана Попризова дискутира за врските меѓу младите, начинот на кој тие комуницираат меѓу себе и се поврзуваат, влијанието на социјалните мрежи, што се контролирачки врски и многу повеќе.

Темата “ВРСКИ” е дел материјалот кој се изучува во рамките на ССО. Во склоп на ова поглавје младите имаат можност да се запознаат и со темите за социјални врски, љубов, блискост, романтични врски во адолесценција, согласност за сексуален однос. 

За Ана Попризова

Ана Попризова е психолог и Гешталт терапевт. Над 25 години работи во средно училиште како професор по психологија и училиштен психолог. Претседателка е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје.

Добро го познава образовниот систем и има искуство во работа и едукација на наставници, стручни соработници и родители. Посебен  интерес покажува за  психологијата на адолесцентите и ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко.

7 родителски средби на 7 теми

Слушни ги сите експерти, психолози, социјални работници и родители како разговараат на важните теми кои се дел од програмата на Сеопфaтното сексуално образование.