Родителот е примарен едукатор за сите теми, вклучително и темите врзани со сексуално и репродуктивно здравје.
Сексуалноста е под силно културно влијание, со различни норми за тоа што е прифатливо. Младите се соочуваат со предизвик да ги разберат и критички да ги разгледуваат овие норми. Сексуалното задоволство и љубовта често се поврзани, но тоа не е правило. Разговорите за сексуалната желба се обично непријатни поради митови и неточни информации. Притисокот за сексуален однос, кој може да биде физички или психички, е секогаш неоправдан и може да има сериозни последици. Секој има право да даде согласност за сексуален однос, која треба да биде слободно дадена, ентузијастична, конкретна, информирана, реверзибилна и автономна.
На оваа родителска средба, Снежана Матовска дискутира за личните искуства и предизвиците со кои се соочуваат родителите при едукација и разговор со своите деца на темите врзани со сексуално и репродуктивно здравје.
Темата „СЕКСУАЛНОСТ” е дел од материјалот кој се изучува во рамките на ССО. Во склоп на ова поглавје младите имаат можност да се запознаат и со поимите и значењето на сексуалност и култура, сексуална желба и задоволство, како и сексуалната согласност како клучен термин кој треба да се разбере и примени.
Снежана Матовска е правник, вработена како секретар на Педагошкиот факултет во Скопје, и е мајка на три деца од кои едното со Даунов синдром.
Слушни ги сите експерти, психолози, социјални работници и родители како разговараат на важните теми кои се дел од програмата на Сеопфaтното сексуално образование.